Анатомски животни (сложувалка)
Учењето за животните никогаш не било повозбудливо! Со едукативните 3D анатомски сложувалки, децата преку игра откриваат како изгледаат животните однатре и каде се наоѓаат нивните најважни коски и органи.
Секој сет содржи основа во форма на животно и посебни делови што детето треба да ги постави на точно определеното место. На овој начин, детето не ја составува сложувалката само според изгледот, туку учи и ја разбира основната анатомија на животното.
Зошто ке им се допадне на вашите најмили?
🦴 Коски со свое точно место
Секое парче од скелетот има посебно означен отвор во кој треба правилно да се постави.
🫀 Органи поставени во соодветната положба
Детето учи каде се наоѓаат мозокот, срцето, белите дробови, желудникот и другите важни органи.
🧠 Учење преку практична игра
Составувањето помага во развивањето на логиката, концентрацијата, меморијата и координацијата меѓу рацете и очите.
🐾 По едно ново животно во секој сет
Секој модел претставува различно животно со сопствена форма, скелет, органи и интересни карактеристики.
📖 Едукативен материјал за животното
Со секој сет се добива и едукативна содржина со приказ на целосно составената сложувалка, интересни факти и важни информации за животното.
🎨 Шарени и детски приспособени делови
Коските и органите се поедноставени и лесно препознатливи, за децата полесно да ги разликуваат и правилно да ги поставуваат.
Соберете ја целата колекција!
Авантурата не завршува со само едно животно. Секоја недела објавуваме нов сет, со ново животно, нова анатомија и нови интересни факти за откривање.
Собирајте ги сетовите, споредувајте ги животните и создадете сопствена мала колекција од животинскиот свет!
Сложи. Откриј. Научи.
Контакт за информации
За персонализирани нарачки, барајте не на телефон - 077 653 044.
Испорака
Сите нарачки ке бидат внимателно и ефикасно спакувани од наша страна и доставени на адреса по ваш избор во рок зависен од количината која ке ја нарачате (обично за 3-5 дена)